Извештај од Европската комисија за 2020 година
Поглавје 18: Статистика
Правилата на ЕУ бараат од земјите членки да можат да изготват статистики засновани врз професионална независност, непристрасност, веродостојност, транспарентност и доверливост. За методологијата, производството и дисеминацијата на статистичките информации се предвидени заеднички правила.
Земјата е умерено подготвена во областа на статистиката. Постигнат е добар напредок, особено во спроведувањето на пробниот попис на населението и тестирањето на новата пописна методологија што делумно се потпира на административни податоци. Забележан е напредок во сите статистички области и понатамошно усогласување на секторските статистики со стандардите на ЕУ. Потребни се континуирани напори за подобрување на обемот и квалитетот на макроекономските и социјалните статистики. Бидејќи беа спроведени препораките од минатата година, во наредната година земјата особено треба:
Повеќе...