Во рамките на определбите на Државниот завод за статистика за зајакнување и збогатување на соработката со корисниците на статистички податоци од областа на научно-истражувачката заедница, вчера, во просториите на Државниот завод за статистика беше потпишан Меморандум за соработка со Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“.
Со овој Меморандум ќе се продлабочи соработката меѓу двете институции, пред сè, во градењето на капацитетите, поттикнување на истражувачки проекти базирани на докази и водени од податоци и размена на знаења и искуства што ќе претставува придонес во развојот и унапредувањето на програмските цели и стратегии на двете институции.