Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Унапредување на соработката со Царинската управа
петок, 06 септември 2024

 

Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, денеска во просториите на ДЗС оствари средба со директорот на Царинската управа, г. Бобан Николовски, на која се дискутираше за јакнење и продлабочување на меѓуинституционалната соработка и интензивирање на активностите за електронска размена на податоците.

Примарна цел на Државниот завод за статистика е дигитализација на процесите и зголемено користење на административните извори при продукција на официјалните статистички податоци. Во насока на понатамошно хармонизирање, модернизирање и унапредување на системите, двете страни се заложија за промена на начинот на преземање на податоците од Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи и воведување електронска размена на податоци, што претставува исклучително важен чекор.

Со цел интензивирање на соработката и објавување квалитетни, навремени и релевантни статистички податоци, директорот на Државниот завод за статистика, г. Станков и директорот на Царинската управа, г. Николовски се согласија во наредниот период да биде потпишан Меморандум за соработка меѓу двете институции.

   




© Државен завод за статистика