Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Екипа на Државниот завод за статистика на Скопскиот маратон 2018
вторник, 08 мај 2018

 

Викендов во Скопје се одржа 14-тиот по ред Виз Ер Скопски маратон, на кој учествуваа над 10000 рекреативци и професионални маратонци.


Во прекрасна атмосфера и добро расположение, продолжувајќи ја традицијата, екипа составена од 20 вработени во Државниот завод за статистика, од различни генерации, зеде учество во трката на 5 километри – team building, поддржувајќи ја идејата за здрав живот и здрави навики.


И годинава Скопскиот маратон се одржа под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.


Скопскиот маратон традиционално се одржува по повод на Денот на Европа.


Државниот завод за статистика и понатаму ќе продолжи да ги поддржува спортските активности на своите вработени кои, пред сè, претставуваат определба за практикување на здрави навики во секојдневното живеење и одлична можност за дружење надвор од Заводот.

 

       




© Државен завод за статистика