Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Годишна оценска мисија на Евростат
петок, 18 октомври 2024

 

Од 16 до 18 октомври 2024 година се одржа редовната годишна мисија за оценување на работата на Националниот статистички систем, што ја спроведува Статистичкиот завод на Европската Унија - Евростат. На мисијата, со Евростат, физички присуствуваше г. Торбиојрн Карлквист, лидер на тимот за делот на проширување и виртуелно се вклучуваа експерти од соодветните домени, за макроекономските, земјоделските и деловните статистики. На мисијата присуствуваше и г. Олег Хирбу, претставник од Делегацијата на Европската Унија, задолжен за следење на хармонизацијата на статистиката, а во еден дел присутни беа и претставници на Директоратот за проширување и Директоратот за ЕКФИН.

Претставникот на Евростат најнапред оствари средба и разговори со  директорот на ДЗС. Притоа, претставникот беше запознаен со активностите на Заводот во изминатиот период, како и со идните приоритети во насока на унапредување на работата, подобрување на квалитетот и осовременување на процедурите за прибирање и пристап до податоците на Заводот.
Беа остварени и работни средби со вработени од сите сектори во Заводот и претставници од Народната банкакои подетално ја презентираа својата работа и достигнувањата во насока на усогласување на националното со европското законодавство во областа на статистиката.

Заклучоците од редовната годишна мисија на Евростат претставуваат важен придонес кон подготовката на годишниот Извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на Поглавјето 18 Статистика.

 

     

 




© Државен завод за статистика