Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Продлабочување на соработката со УНИЦЕФ
петок, 15 ноември 2024

 

Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ во нашата земја, г-ѓа Лесли Милер и нејзиниот тим, при што беше запознаен со тековите активности на Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Госпоѓа Лесли Милер се осврна на резултатите што заеднички се постигнати и ја потенцираше важноста на статистичките податоци што ги произведува Заводот во креирањето на политики, мерки и активности за подобрување на состојбата на децата и младите во земјава.

Директорот Станков истакна дека Заводот, во рамките на својот мандат за производство на официјални статистички податоци и како координатор на националниот статистички систем, вложува максимални напори за задоволување на потребите од податоци на сите корисници, и особено ја цени посветеноста на УНИЦЕФ за користење на официјалните статистики при остварувањето на поставените цели.

Стана збор и за идните заеднички активности кои се дел од годишните планови за работа на двете институции и кои се продолжение на веќе воспоставената соработка, како и можностите за проширување на опсегот на активности и постигнување на уште повеќе вредни резултати.

 

  




© Државен завод за статистика