Денеска во Корча, Република Албанија, директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски и директорката на Институтот за статистика на Република Албанија, г-ѓа Елса Дули, потпишаа Меморандум за соработка во областа на статистиката.
И двајцата директори на институциите ја потенцираа важноста на овој Меморандум кој, всушност ја формализира долгогодишната плодна соработка на статистичарите од двете земји која сега, се подига на едно ново институционално ниво со што ќе се овозможи проширување на областите на дејствување и поедноставување на механизмите на соработка.