Државниот завод за статистика денес беше домаќин на средношколците од СОУ „Љупчо Сантов“ - економска насока, од Кочани. Заменикот-директор на ДЗС, м-р Дејан Станков, пред учениците и нивните професори одржа презентација за значењето на статистиката, развојот и достигнувањата на статистиката во Македонија, како и улогата на Државниот завод за статистика во националниот статистички систем, но и во европското и светското статистичко семејство.
Од страна на вработените беше презентирана веб-страницата на ДЗС, а особено внимание привлече МакСтат базата на податоци со можноста за самостојно креирање на табели и графикони.
Гостите изразија големо задоволство од посетата со желба соработката меѓу двете институции да продолжи и во иднина.