Во рамките на соработката на Државниот завод за статистика (ДЗС) со Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) која произлегува и од потпишаниот Меморандум за соработка, денес, гости на Заводот беа студентите од трета година од повеќе студиски програми на Универзитетот кои го изучуваат предметот Методи на истражување во социјалните науки.
Студентите и нивните професори со интерес ги ислушаа презентациите кои беа подготвени на тема Типови и методи на прибирање на податоци и Пример за спроведување на анкетно истражување на терен, а на крајот беа запознаени и со можностите што ги нуди веб-страницата на ДЗС.
Гостите изразија задоволство од посетата со надеж дека наскоро експерти на Заводот ќе го посетат МБУ и ќе одржат предавања пред студентите од овој Универзитет од сите студиски години.