И годинава тим на статистичари од Државниот завод за статистика учествуваше на Скопскиот маратон 2017 во најмасовната трка на 5000 метри. Оваа спортска манифестација секоја година привлекува сè поголем број на учесници и годинава тој број се искачи на над 10 000 учесници од 50 земји .
Учеството на тимот на Државниот завод за статистика на оваа традиционална манифестација ја потврдува определбата на Завод за градење и зајакнување на културата на работење на институцијата, како и неформалната комуникација помеѓу вработените.