Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Од статистички податоци до ефективни политики!
вторник, 01 април 2025

 
Податоците треба да бидат основа за креирање политики базирани на докази за да се постигне поинклузивен и правичен развој.
 
На 28.03.2025 година, беше одржана работилницата „Од статистички податоци кон креирање ефективни економски и развојни политики“, со фокус на родовите статистики во соработка со Finance Think.
 
На работилницата учествуваа претставници од сите релевантни институции, при што беа вкрстени расположливите податоци од Државниот завод за статистика и нивната искористеност во истражувачките анализи и моделите на Finance Think, а беа разгледани и можностите за вградување на наодите во креирањето политики.
 
Целта на оваа работилница беше податоците да бидат основа за креирање политики базирани на докази за да се постигне поинклузивен и правичен развој.
 
Работилницата беше поддржана од Амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.

 

    

    




© Државен завод за статистика