Во Државниот завод за статистика денес се состана работната делегација која во претходните два дена учествуваше на билатералниот состанок со ЕК во Луксембург и каде што реферираше за усогласеноста на Националниот статистички систем на Република Северна Македонија со европското законодавство во областа на статистиката, односно за Поглавје 18.
Општ заклучок е дека билатералниот состанок помина извонредно успешно, за што директорот на ДЗС, г. Апостол Симовски, им честиташе на сите учесници во работната група за вложениот труд и за извонредната презентација на состојбите:
На состанокот беше истакнато дека сега претстои огромна работа за сите вклучени во ова Поглавје, а која се однесува на подготовка на прецизен акциски план и рокови за извршување на планираните активности што ќе претставува еден вид национален бенчмарк за што сите ќе треба да вложат максимални напори за целосно остварување.