Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Средба со претставници на американската амбасада и УСАИД
среда, 10 февруари 2021

 

Директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски, имаше средба со претставници на американската амбасада, г. Ендру Мофат, политички советник, и г. Јордан Дамчевски, виш економски аналитичар, како и со г-ѓа Дон Кармин, директорка на Канцеларијата за развој во УСАИД.

На средбата стана збор за претстојниот Попис на население, домаќинства и станови, 2021, при што директорот на Државниот завод за статистика ги информираше присутните за самата организација на пописот, техничка и логистичка, како и за предизвиците со кои Државниот завод за статистика се соочува во моментов.

Исто така, на средбата се продискутира за можно возобновување на соработката помеѓу Државниот завод за статистика и УСАИД. Се остави можност за истото да продолжат дискусиите по завршување на Пописот на население, домаќинства и станови, 2021.

 




© Државен завод за статистика