Денес во Скопје се одржа првиот состанок на Управниот комитет на ЕУ-проектот „Унапредување на производството и дисеминацијата на статистичките податоци“.
На состанокот учествуваа претставници на Конзорциумот на БИМ Консалтинг и Националниот статистички институт (НСИ) на Бугарија, спроведувачи на проектот и претставници од Државниот завод за статистика, Секретаријатот за европски прашања, Народната банка, Министерството за финансии, Централниот регистар и Делегацијата на ЕУ.
Беше дискутиран почетниот извештај и беа презентирани прогресот на Проектот и плановите за првите шест месеци.