Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Состанок со директорот на Директоратот за соработка во Европскиот статистички систем, меѓународна соработка и ресурси во Евростат
среда, 02 мај 2018

 

На 27.04.2018 г. се оддржа состанок на раководството на Државниот завод за статистика со претставници на Евростат, г. Питер Евераерс, директор на Директоратот за соработка во Европскиот статистички систем, меѓународна соработка и ресурси и г. Торбјорн Карлквист, задолжен за Македонија. На состанокот присуствуваше и г. Алесандро Занота, претставник од Делегацијата на Европската унија, задолжен за следење на хармонизацијата на статистиката.

На состанокот се дискутираше за напредокот на македонската официјална статистика во хармонизирањето со статистиката на Европската унија, нотиран во последниот извештај на Европската комисија, како и за главните препораки добиени од извештајот, на кои Заводот особено треба да се фокусира во текот на следната година:

  • дополнително да ги зајакне човечките и финансиските ресурси;
  • да се подготви за новиот попис на населението и домаќинствата, делумно базиран на административни податоци;
  • натамошно усогласување на статистичките податоци со Европскиот систем на сметки, 2010, внимавајќи при разграничувањето на општиот владин сектор, како и доставување целосен сет табели за Процедурата за прекумерен дефицит до Евростат.

Г. Евераерс, оствари средби и разговори и со: Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, министерот за финансии, г. Драган Тевдовски и министерот за информатичко општество и јавна администрација, г. Дамјан Манчевски.
На средбите е констатирано дека заложба на Владата на Република Македонија е да ги гарантира професионалноста и независноста на институциите како што е Државниот завод за статистика и да ги насочува институциите да го унапредат своето работење согласно со европските стандарди.

На средбата со г. Заев, присуствуваше и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Н.Е. Самуел Жбогар.

       




© Државен завод за статистика