Денес во х.Порта, во Скопје, се одржа работилница на тема „Статистичка писменост“ на која учествуваа претставници на невладини организации од внатрешноста на земјата. Работилницата беше креирана во два дела и тоа во првиот дел, стручни лица од Државниот завод за статистика одржаа три презентации за основите на статистичката писменост, а потоа, учесниците на Работилницата, под надзор на статистичарите од ДЗС, работеа на конкретно преземање на податоци од веб-страницата на ДЗС, нивно табелирање и , на крај, толкување на податоците. Оваа Работилнница, како и претходнните кои се организраат во соработка со Канцеларијата на UNFPA во Скопје и Платформата за справување со сиромаштијата, побуди огромен интерес и многу набрзо ќе се одржи и втора работилница од ваков тип, со што соработката ќе продолжи и во иднина.