Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Средба на директорот на Државниот завод за статистика со амбасадорот на Франција
четврток, 04 февруари 2021

 

Директорот на Државниот завод за статистика, г. Апостол Симовски, одржа работна средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Сирил Бoмгартнер, на која се дискутираше за претстојниот Попис на население, домаќинства и станови, 2021. Амбасадорот се интересираше како течат подготовките за пописот, и како ќе се одвива целата операција на терен, бидејќи е од огромна важност за државата. Директорот го информираше за целиот тек на активностите и до која фаза се дојдени подготовките. Се очекува објавување на методологијаза за пописот до крајот на оваа недела и истата ќе биде презентирана пред јавноста на прес-конференција.

Исто така, на средбата се дискутираше и за методот на попишување и за базите на податоци кои ќе се користат при пописот. Директорот на Државниот завод за статистика, исто така, информираше дека е предвидена посебна апликација за само-попишување на македонските државјани кои живеат во странство подолго од 12 месеци, и истата ќе биде достапна од 1 март до 21 април.

Средбата со Амбасадорот на Франција помина во позитивна атмосфера, при што амбасадорот ја искажа својата увереност во максималната подготвеност и посветеност на Државниот завод за статистика да го подготви и спроведе Пописот на население, домаќинства и станови, 2021, а воедно ја нагласи и својата поддршка за целиот овој процес и изрази желба за натамошна соработка помеѓу амбасадата на Франција и Државниот завод за статистика.

 




© Државен завод за статистика