На 29.01.2016 година, Државниот завод за статистика го претстави првото издание на публикацијата ''Потрошувачка на енергенти во домаќинствата'' пред стручната и научна заедница,. Податоците во публикацијата се резултат на спроведена Анкета за потрошувачка на енергенти во домаќинствата. На промоцијата се обрати заменик-директорот на Државниот завод за статистика, м-р Дејан Станков, а за значењето на податоците во публикацијата зборуваше проф., д-р. Горан Чогеља.
Вработените во Заводот кои учествуваа во спроведувањето на Анкетата, подетелно ги презентираа добиените податоци.
Дисеминираните податоци во оваа публикација ќе ги задоволат потребите за овој вид на податоци при креирањето на стратегии и програми, адекватни политики и приоритети од областа на енергетиката.
Анкетата e спроведена со финансиска поддршка на Европската енергетска заедница во соработка со Институтот за енергетика „Хрвоје Пожар“ од Хрватска во текот на 2015 година.
Линк до публикацијата.