Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Заврши редовната годишна мисија на Евростат
четврток, 30 април 2015

 

Oд 27 до 30 април 2015 година од страна на претставникот на Евростат г.Торбиоерн Карлквист беше спроведена редовна годишна мисија за оценување на работата на Државниот завод за статистика.

Претставникот на Евростат за време на мисијата оствари средби и разговори со директорот и заменикот-директор на Државниот завод за статистика, како и работни средби со вработени од сите сектори во Заводот.

Исто така, мисијата опфати и работни средби и разговори и со останатите институции што се дел од статистичкиот систем во Република Македонија и тоа со претставници од Народната банка на Република Македонија и од Министерството за финансии.

Целта на оваа мисија од страна на Евростат е да се утврди напредокот на Државниот завод за статистика во изминатиот едногодишен период и да се дискутираат идните активности во насока на усогласување на македонското со европското законодавство во областа на статистиката.




© Државен завод за статистика