Државниот завод за статистика (ДЗС) беше домаќин на акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и проф. д-р Марина Трпеска, како претставници на Фискалниот совет на Република Северна Македонија, кои беа примени од страна на д-р Дејан Станков, директор на ДЗС, на 27.03.2025 г.
Целта на состанокот беше да се разгледа соработката помеѓу двете институции во областите на фискални анализи, податоци за јавните финансии, како и да се испитаат можностите за заедничка работа на проекти кои ќе го поддржат економското планирање и мониторингот на јавните политики и ќе помогнат во донесувањето одлуки базирани на докази.
Во насока на подобрување на соработката и продлабочување на партнерството, на крајот на состанокот, институциите потпишаа меморандум за соработка.