Денес во Скопје заврши со работа тридневната Конференција за статистичка доверливост во организација на Економската комисија за Европа на ОН и Евростат. На Конференцијата присуствуваа претставници на 27 земји од сите континенти на светот, како и претставници на УНЕКЕ и ЕУ. Учесниците на Конференцијата имаа можност да презентираат и да разменат мислења и искуства на повеќе теми од областа на заштитата на доверливоста на статистичките податоци, но и да поразговараат за насоките во кои ќе се развива оваа област во иднина. На Конференцијата, Државниот завод за статистика се претстави со 2 труда: - „Мерки против губење на информации кај заштитените податоци“ од г-ѓа Мира Тодорова - „Доверливост на податоците во статистичките регистри“ од г-ѓа Мирјана Бошњак