Во просториите на Државниот завод за статистика, се одржа состанок со Комората на сметководителите посветен на унапредување на меѓусебната соработка.
Директорот на ДЗС, г. Дејан Станков, ги запозна присутните со тековните активности на институцијата истакнувајќи ја важноста на квалитетот на податоците чиј извор е Комората на сметководителите.
На состанокот се дискутираше за идната соработка помеѓу двете институции и потребата од меѓуинституционална соработка за постигнување на високите статистички стандарди.
Исто така, беше договорено да се формира заедничка работна група и да се потпише меморандум за соработка, со цел постигнување на подобри резултати во официјалната статистика.