Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Структура на земјоделските стопанства

Споредливите статистики за структурата на земјоделските стопанства се неопходни за одредување на развојните правци на земјоделството и основа за креирање на правилни политики.
Структурното истражување на земјоделските стопанства е едно од основните статистички истражувања во областа на земјоделството кое обезбедува споредливи податоци за структурата на земјоделските стопанства помеѓу два пописа на земјоделството.
Оваа обврска произлегува од Регулативата број 1166/2008 на ЕК како дел од процесот на прилагодување со европската статистика.


Основните структурни податоци кои се добиваат со ова истражување се:
  • земјиште и земјоделски површини, по категории;
  • број на добиток;
  • механизација и опрема;
  • наводнувани површини;
  • работна сила и
  • дополнителни активности на стопанството.
Со добиените структурни податоци од пописите на земјоделството и структурните истражувања на земјоделските стопанства се воспоставува типологија на земјоделските стопанства во согласност со Регулативата број 1242/2008 на ЕК која е единствена класификација на земјоделските стопанства во Европската унија. Класификацијата на земјоделските стопанства се заснова на типот на земјоделското производство и економската големина на земјоделското стопанство.

 
 




Клучни показатели
 
  Број на земјоделски стопанства  ( 2013) : 170 885

  Вкупно користено земјоделско земјиште  ( 2013) : 315 863 хектари

  Број на говеда  ( 2013) : 239 362

  Добиточна единица по земјоделско стопанство  ( 2013) : 2.14 добиточна единица

  Земјоделски стопанатва специјализирани за полјоделски култури  ( 2007) : 42 192

  Земјоделски стопанства класификувани во I класа - до 2000 евра  ( 2007) : 58.22 %

Временска серија





Поими и објаснувања

Индивидуалните земјоделски стопанства се единици на набљудување во рамките на Структурното истражување на земјоделските стопанства. Земјоделско стопанство е единствена самостојна единица и од технички и од економски аспект, кое врши земјоделски активности во согласност со националната класификација на дејностите.

Користено земјоделско земјиште е земјиште кое се користи за одгледување на земјоделски култури. Тоа претставува збир од површините на користени ораници и бавчи, куќни градини, овоштарници, лозја, ливади, пасишта и расадници на земјоделско земјиште.

Добиток по видови и по категории

Добитокот е опфатен по видови и по категории без оглед на тоа дали во времето на истражувањето е сместен на земјоделското стопанство или на друго место. Со Структурното истражување беа опфатени коњите, говедата, овците, козите, свињите, живината, зајаците и пчелните семејства.

Членови на домаќинствата кои работат на индивидуалните земјоделски стопанства, според возраста и полот.

Лицата на возраст на 15 години и повеќе кои работат на индивидуалните земјоделски стопанства, класифицирани се според школската подготовка, возраста и полот.

Видот на активноста претставува описно определување на носителот, односно на членот на домаќинството, дали работата на земјоделското стопанство му претставува: единствена активност, главна активност итн.

Тип на земјоделско производство на едно земјоделско стопанство се определува преку релативниот придонес на стандардната вредност на производството на различните видови производство на дадено земјоделско стопанство во вкупната стандардна вредноста на производството.

Економската големина на земјоделското стопанство се определува врз основа на вкупната стандардна вредност на производството на стопанството.
Земјоделските стопанства се класификуваат според нивниот економски потенцијал во една од 14-те класи на економска големина.


 


© Државен завод за статистика