Податоците содржани во базата можат да бидат од голема корист за владините институции, невладиниот сектор, меѓународните институции, како и за академски истражувања.
Иницијативата за развој на базата започнува во 1992 година од страна на УНИЦЕФ, со прибирање податоци за претходните три години. Податоците во базата се дополнуваат секоја година од страна на државните заводи за статистика во земјите од регионот.
Бројот на индикаторите опфатени со базата постојано се зголемува, така што во последните години базата содржи повеќе од 400 индикатори.
Индикаторите се поделени во 11 области: Население, бракови, фертилитет, морталитет, здравство, образование, детска заштита, криминал, социјална заштита, благосостојба на децата и економија.
Базата е од меѓународен карактер и содржи податоци за следните држави: Азербејџан, Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Ерменија, Естонија, Казахстан, Киргистан, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Полска, Романија, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Украина, Унгарија, Хрватска, Црна Гора и Чешка.