Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Наскоро нова веб-страница
четврток, 03 април 2025

 
Државниот завод за статистика со задоволство ја известува јавноста дека на 07.04.2025 година ќе ја пушти во употреба новата, редизајнирана веб-страница www.stat.mk, која е дизајнирана со цел да обезбеди поедноставно користење и полесен пристап до статистичките податоци. Новата веб-страница е модернизирана и оптимизирана за сите типови уреди, со цел да ги задоволи потребите на корисниците и да го олесни процесот на пребарување и преземање статистички информации.
 
Покрај тоа, сакаме да Ве известиме дека започнуваме  процес на ребрендирање на институцијата, со ново лого и нов url. Овие промени се дел од нашите напори да ја унапредиме видливоста на Заводот и да ја подобриме комуникацијата со јавноста и со корисниците на официјалните статистички податоци.
 
Со редизајнираната веб-страница и новото лого, Државниот завод за статистика продолжува да се стреми кон унапредување на транспарентноста и достапноста на податоците, како и кон подобрување на комуникацијата со јавноста и со сите заинтересирани корисници.
За дополнителни информации, посетете ја новата веб-страница на Државниот завод за статистика на https://stat.mk/
 
Контакт: Државен завод за статистика 
Телефон:  02-3295-666 
Е-пошта:  press@stat.gov.mk
 



© Државен завод за статистика