Од денес е активна веб-страницата посветена на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021. До веб-страницата можете да пристапите на следниов линк: popis2021.stat.gov.mk
Содржините на веб-страницата нудат преглед на историјатот на пописите во нашата држава, законските основи, односно правната регулатива на која се базира Пописот 2021, организацијата на Пописот, преглед на пописните реони кои се оформени заради теренското спроведување на пописните активности и други содржини кои тековно ќе се ажурираат.
popis2021.stat.gov.mk