Државниот завод за статистика оваа година за првпат ги објавува податоците за стоковната размена според економските карактеристики на претпријатијата. Истражувањето овозможува да се измери учеството на реалните економски сектори во трговијата, како и надополнување на бизнис податоците со детални информации за трговијата. Овие податоци овозможуваат анализа на ефектите на меѓународната трговија врз производството, вработеноста и резултатите на претпријатијата.
Податоците се пресметани според Регулативата (ЕЗ) бр. 471/2009 на Европскиот парламент и на Советот од 6 мај 2009 година, во насока на понатамошно или комплетно хармонизирање на националната статистика на надворешната трговија со законодавството на Унијата.
Целта на ова соопштение е со споредување на економските информации за претпријатијата со најважните надворешно-трговски показатели да се добие широк збир на податоци со кои се овозможува детална анализа на структурата на надворешната трговија.