Државниот завод за статистика беше домаќин на студенти од прва година од Институтот за социологија при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Студентите, заедно со нивната професорка, проф.д-р Аница Драговиќ, беа запознаени со работата на Државниот завод за статистика, а покажаа особен интерес за статистиките од областа на населението за што беше подготвена и специјална презентација во која беа опфатени статистиките од областа на виталната статистика, миграциите и пописите на населението.
На крајот, студентите се запознаа и со содржината на веб-страницата на Заводот, богатството на податоци содржани во неа, а особено МакСтат базата на податоци како алатка за креирање на табели според потребите на корисниците.
Посетата е реализирана во рамките на Меморандумот за соработка меѓу Државниот завод за статистика и Филозофскиот факултет во Скопје.