Во Државниот завод за статистика се одржа вториот состанок на Управниот комитет на проектот финансиран од ЕУ за „Развој на наменски софтвер и база на податоци за економски статистики”, во кој како изведувач се јавува Comtrade System Integration – Белград во конзорциум со Dynamic Consulting – Скопје, а корисник е Државниот завод за статистика.
На состанокот учествуваа претставници на изведувачот и претставници од Делегацијата на ЕУ, од Министерството за финансии и од Државниот завод за статистика.
Беше презентиран и усвоен финалниот извештај за Проектот кој е успешно завршен, а развиеното софтверско решение е веќе применето во производствената околина на ДЗС.