Државниот завод за статистика денеска ја промовираше публикацијата “Профил на децата во Република Северна Македонија“, подготвена во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.
Целта на публикацијата е да даде слика за демографскиот профил за децата во Северна Македонија, да се прикажат состојбите во пооделни сфери на живеење на најмладата категорија на население со цел да се потикнат релевантните чинители да развиваат политики засновани на докази кои ги адресираат потребите на децата.
За изработка на Профилот на децата во Република Северна Македонија, користени се податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, спроведен во 2021г., податоци од останатите статистички истражувања поврзани со децата како и други расположиви административни извори на податоци.
Оваа публикација е еден од првичните обиди која обединува податоци од различни извори и треба да биде основа и инспирација за наредните активности на заводот и на останатите институции да обезбедуваат податоци со кои ќе го подржат креирањето на политики за унапредување на квалитетот на животот на децата.
Публикацијата е достапна на веб-страницата на УНИЦЕФ на следниот линк:
https://www.unicef.org/northmacedonia/mk/izvestai/profil-na-detskata-populacija-vo-republika-severna-makedonija