Денес, раководителката на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Скопје, г-ѓа Афродита Шаља, го посети Државниот завод за статистика и оствари средба со директорот на Заводот, г. Дејан Станков.
На средбата беа истакнати заедничките интереси за продолжување и подобрување на воспоставената соработка за поквалитетна статистичката продукција во повеќе области. Во фокусот на интерес беа поддршката на Националната развојна стратегија, потребата од јакнење на капацитетите на административните извори на податоци и планирање на идните активности како и можностите за нивна реализација.
И од двете страни беше изразена готовност за продлабочување на соработката со прецизирање на конкретни активности за реализација во претстојниот период.