Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Свечена академија по повод 70-годишниот јубилеј
петок, 05 јуни 2015

 

Денес , Државниот завод за статистика одбележа голем јубилеј - 70 години од своето постоење.


На свечената академија организирана по тој повод присуствуваа голем број почитувачи и поддржувачи на македонската статистика. Пред гостите се обратија г-ѓа Лидија Костовска, директор на Државниот завод за статистика, заменикот на Премиерот на Република Македонија и министер за финансии, г.Зоран Ставрески и г-ѓа Геновефа Ружиќ, директор на Заводот за статистика на Република Словенија. Во излагањата на говорниците беше нагласена улогата и значењето на статистиката за целокупниот развој на државата и беа поздравени напорите што институцијата во текот на своето 70-годишно постоење ги вложувала за денес да биде препознаена како институција - рамноправен член на европското и светското статистичко семејство.

  




© Државен завод за статистика