Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, оствари средба со министерката за финансии, г-ѓа Гордана Димитриеска-Кочоска, на која се разменија мислења за соработката и интензивирање на активностите помеѓу двете институции.
Министерството за финансии, како овластен носител на статистички истражувања, претставува важен чинител во националниот статистички систем а соработката и заедничките активности на двете институции придонесуваат за комплетирање на сетот на макроекономски индикатори. Истовремено, Министерството за финансии е активен кориснисник на статистички податоци произведени од Заводот, кои се единствено релевантни при креирањето политики и донесувањето на одлуки базирани на докази.
Министерката Димитриеска-Кочоска и директорот Станков се согласија дека заедничките активности на планот на производството на официјални статистички податоци ќе продолжат во наредниот период, а Министерството за финансии ќе му ја пружи сета поддршка што му е потребна на Заводот за остварување на планираната Програма за статистички истражувања.