Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Отпочнување на проектот „Развој на наменски софтвер и база на податоци за економски статистики“
вторник, 27 март 2018

 
Во просториите на Инфо центарот на Делегацијата на ЕУ во Скопје се одржа настан со кој се официјализираше отпочнувањето на проектот финансиран од ЕУ за „Развој на наменски софтвер и база на податоци за економски статистики” во кој како изведувач се јавува Comtrade system integration – Белград во конзорциум со Dynamic Consalting – Скопје, а корисник е Државниот завод за статистика.
Фокус на овој проект е градење на NAIMS (National Accounts Information Management System) со употреба на најдобрите практики од други ЕУ статистики, како и меѓународни стандарди и препораки.
За значењето на проектот зборуваа директорот на ДЗС, г.Апостол Симовски и претставникот на Делегацијата на ЕУ во РМ, г.Јаромир Лавичек. Целите на проектот ги претстави г-ѓа Бисерка Комлен, од страна на изведувачот, а за очекуваните придобивки за Државниот завод за статистика говореше г-ѓа Снежана Георгиевска, од Секторот за национални сметки.
Проектот ќе трае 22 месеца и целосно е финансиран од ИПА Националната програма 2013.
 




© Државен завод за статистика