Иницијалниот состанок за започнување на твининг-проектот ,,Поддршка на Државниот завод за статистика во делот на градење на капацитетите и подобрување на усогласеноста со стандардите на Европската Унија“ беше одржан на 11.11.2016 година.
Проектот е финансиран од страна на Европската Унија и имплементиран од страна на Државниот завод за статистика на Република Македонија, Конзорциумот на Националниот институт за статистика на Италија, во функција на главен партнер (земја-членка), и Државниот завод за статистика на Република Словенија, во функција на помлад партнер (земја-членка).
Периодот на имплементација на Проектот започна на 17 октомври, со доаѓањето на твининг-советувачот од Националниот институт за статистика на Италија.
Состанокот со Државниот завод за статистика на Република Македонија беше одржан со цел да се согледаат активностите кои се неопходни за започнување на Проектот, начинот на работа, како и мерките кои треба да се преземат за ефективна имплементација на Проектот.
На состанокот беа присутни директорот на Државниот завод за статистика а воедно и проект-лидер, г-ѓа Лидија Костовска, заменикот-директор на Заводот, г. Дејан Станков, лидерите на компонентите, членовите на ИПА оперативната структура, твининг-советувачот- Слаџана Шавкулоска, сите од Државниот завод за стстистика, офицерот за набљудување од Министерството за финансии на Република Македонија - Благица Атанасова, постојаниот твининг-советувач од Националниот институт за статистика на Италија - Донатела Зиндато и асистентот на советувачот - Марија Јанакиевска Милошевски.
Постојаниот твининг-советувач од Националниот институт за статистика на Италија - Донатела Зиндато ги нагласи главните цели и очекуваните резултати од проектот.
Состанокот исто така претставуваше прилика за учесниците да се договорат за главните практични прашања во однос на спроведувањето на експертските мисии.
На крајот на состанокот беше нагласено дека следната недела успешно ќе започне проектот со првите 2 експертски мисии.