Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Презентација на резултатите од Твининг-проектот на ЕУ
четврток, 14 јуни 2018

 

Државниот завод за статистика и партнерите – Италијанскиот институт за статистика и Статистичкиот завод на Р.Словенија, денес го одбележаа завршувањето на 20-месечниот твининг-проект „Поддршка на Државниот завод за статистика во градењето капацитети и унапредување на усогласеноста на статистиката со стандардите на ЕУ“, финансиран од Европската Унија.


Во присуство на голем број гости од институциите – носители во статистичкиот систем, претставници на Владата на РМ, голем број статистички експерти од земјите-партнери во Проектот, како и вработенни во Државниот завод за статистика, на присутните им се обратија амбасадорот на ЕУ во РМ, Н.Е.г.Самуел Жбогар и амбасадорот на Р.Италија во РМ, Н.Е. г.Карло Ромео. Тие го потенцираа значењето на овој вид на соработка меѓу статистичките заводи во Европа и придобивките за сите учесници во овој Проект.

 
На присутните им се обратија и директортите на трите статистички институции – учесници во Проектот – г.Џорџио Алева, претседател на ИСТАТ, г-ѓа Геновефа Ружич, директор на Заводот за статистика на Р.Словенија и г.Апостол Симовски, директор на Државниот звод за статистика, кои беа едногласни во оценката дека ова беше извонреден проект кој овозможи нови достигнувања во областа на статистичките истражувања и истовремено извонредно искуство за сите учесници во Проектот.

 




© Државен завод за статистика