На 09.11.2017 год. во Скопје се одржа четвртиот состанок на Управниот комитет на твининг-проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика во градењето на капацитетите и унапредување на усогласеноста на статистиките со стандардите на ЕУ“. На состанокот беше разгледан и усвоен и четвртиот тримесечен извештај за Проектот и беа презентирани и дискутирани планираните активности за следниот период. Од почетокот на имплементацијата на Проектот, октомври 2016, реализирани се 41 мисија и две студиски посети. Во четвртиот квартал се реализирани 6 мисии на кои учествуваа 29 лица од ДЗС.