Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Средношколци од Гевгелија во посета на Државниот завод за статистика
петок, 15 ноември 2024

 

Во рамките на своите заложби за подигнување на нивото на статистичка писменост помеѓу младите, денес, Државниот завод за статистика беше домаќин на група ученици од Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија.

Учениците, заедно со своите професори имаа можност да се запознаат со основните функции на Заводот, неговата координативна улога во Националниот статистички систем, и секако со производството и дисеминацијата на официјални статистички податоци.

Особено интересна за учениците беше веб-страницата на Заводот и Макстат базата на податоци со сите можности што им ги нуди на корисниците.

Државниот завод за статистика ќе ја продолжи традицијата на средби и претставување на својата работа пред средношколци од целата држава со цел да ја подигне свеста за важноста и употребната вредност на официјалите статистички податоци.

    

 

 




© Државен завод за статистика