Во рамките на соработката со високошколските институции во земјава, гости на Државниот завод за статистика беа студенти од Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетеот „Св.Кирил и Методиј“ од Скопје. За студентите беше подготвена презентација од областа на земјоделските статисики, односно податоците што се прибираат, обработуват и објавуваат од страна на Државниот завод за статистика, а кои се однесуваат на земјоделското производство и промет, како и економските сметки во земјоделството. Ова е редовна посета на студентите што се остварува секоја година и успешната соработка ќе продолжи и во иднина.