Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


56. сесија на Статистичката комисија на ОН – највисоко тело за одлучување за меѓународни статистички активности
понеделник, 10 март 2025

 
Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, учествуваше на 56. сесија на Статистичката комисија на Обединетите нации што се одржа во Њујорк, од 4 до 7 март 2025 година.
 
Статистичката комисија на Обединетите нации (UNSD), која е составена од раководители на националните статистички институти на земјите членки на Обединетите нации, е највисок орган на меѓународниот статистички систем со права да решава за прашања кои се однесуваат на статистичките активности во светот, особено во поставувањето статистички стандарди, развојот на концепти и методи и нивна имплементација на национално и на меѓународно ниво. 
 
Генерална тема на сесијата е „Подобри податоци, подобри животи“, а членовите на Комисијата за статистика, меѓу другото, дискутираа и усвоија  две резолуции – „Систем на националните сметки 2025“ и „Светска програма за попис на населението и домувањето за 2030 година“. Покрај тоа, беше усвоена ревидирана рамка за индикаторите за одржлив развој.
 
Дополнително, г. Станков оствари официјална средба со директорката на Евростат, г-ѓа Мариана Коцева, на која разговараше за интензивирање на континуираната поддршка на Евростат за ДЗС и зголемување на сетот на податоци што ги објавува Евростат за нашата земја. Исто така, беше остварена билатерална средба и со претседателот на Унгарскиот централен статистички завод, г. Арон Кинчеш, на која беше потврдена досегашната одлична соработка помеѓу двата заводи, беа разгледани можните статистички области за нејзино надградување и проширување, како и потпишување Меморандум за соработка во догледно време.
 
 

 

    

    




© Државен завод за статистика