+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Здравствени сметки

Со здравствените сметки се обезбедуваат индикатори за системот на финансирање на давателите на услуги во здравствениот сектор што се однесуваат на потрошувачката на добра и услуги за здравствената заштита на населението.

Обезбедувањето навремени, релевантни и меѓународно споредливи податоци ќе придонесе за следење на трендовите во здравството со цел креирање и развој на национални стратегии за ефективно финансирање во здравствениот сектор и најцелисходни здравствени политики.

 
 




Клучни показатели
 
  Од давателите на здравствени функции, болниците имаат најголемо учество во трошоците за здравството  ( 2018) : 36.3 %

  Вкупни тековни трошоци за здравството  ( 2018) : 43 319 милиони денари

  Според здравствените функции, лекувањето има најголемо учество во тековните трошоци за здравството  ( 2018) : 54.2 %

  Во здравствените шеми, владините (буџетски) механизми и задолжителното здравствено осигурување имаат најголемо учество во тековните трошоци за здравството  ( 2018) : 57.5 %

Временска серија





Поими и објаснувања

Здравствените сметки претставуваат систематски приказ на трошоците направени за здравството во една економија.

Податоците се пресметуваат во согласност со меѓународно споредлива методологија Систем на здравствени сметки, 2011 (A System of Health Accounts, 2011), воспоставена од ОЕЦД , Евростат и СЗО.

За пресметките се користи методот на процена bottom up со кој се обезбедува сеопфатен пристап и агрегирање на податоците од пониско кон повисоко ниво.

Системот на здравствените сметки вклучува приказ на тековните трошоци за здравството што опфаќа три аспекти:
- Даватели на здравствена заштита
- Функции на здравствена заштита и
- Трошоци по здравствени шеми.


 







© Државен завод за статистика