Вкупните тековни трошоци за здравството во Република Северна Македонија во 2018 година изнесуваат 43 319 милиони денари и бележат пораст од 6.3 % (40 758 милиони денари) во однос на 2017 година.
Сите видови трошоци за здравството, по здравствени функции и здравствени шеми, бележат пораст во 2018 година во однос на 2017 година. Вкупните трошоци за лекување во здравствените шеми во 2018 година изнесувале 23 478 милиони денари, додека во 2017 година изнесувале 22 696 милиони денари, што претставува пораст од 3.4 %.
Во тековните трошоци за здравството, по здравствени функции и даватели на здравствена заштита, во 2018 година, трошоците на болниците за лекување изнесуваа 13 458 милиони денари, што е 85.6 % од вкупните трошоци на болниците по здравствени функции. Во 2017 година, од болниците биле потрошени 13 002 милиони денари, односно 86.4 % од вкупните трошоци на болниците по здравствени функции.
Во тековните трошоци за здравството, по даватели на здравствена заштита и здравствени шеми, најголемо е учеството на болниците и тоа изнесува 15 714 милиони денари во 2018 година, а 15 042 милиони денари во 2017 година.
Во здравствените шеми по здравствени функции најголем е делот на владините (буџетски) механизми и задолжителното здравствено осигурување, кои во 2018 година изнесуваат 24 900 милиони денари, а во 2017 година се 23 338 милиони денари.