Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Животен стандард

Државниот завод за статистика го мери животниот стандард во Република Македонија преку Лаекен индикаторите на сиромаштија, потрошувачката на домаќинствата, како и преку податоците за користењето на времето и балансирањето меѓу работата и семејството.

Со Анкетата за потрошувачката на домаќинствата се прибираат податоци за просечните расположливи средства според изворите, висината на употребените средства според намената на потрошувачката, количествата на прехранбени и други артикли наменети за лична употреба, како и податоци за снабденоста на домаќинствата со некои потрошни добра. Податоците од ова анкета се користат како база за пресметките на личната потрошувачка во БДП во Националните сметки, но исто така и за изработка на пондерите за пресметка на индексот на трошоците на живот.

Од Анкетата за користење на времето се добиваат податоци за тоа како го користат просечните граѓани своето време за подетални активности, но исто така оваа анкета претставува извор на значајни индикатори за креирање на политиката на работното време, растечкото учество на жената во работната сила, согледување на положбата на постарите лица и врз основа на тоа, за креирање некои аспекти на социјалната политика што се однесуваат на семејството и на половата структура.

Анкетата за приходи и услови за живеење овозможува да се направат пресметки на дистрибуцијата на приходите и монетарните индикатори на сиромаштијата. Анкетата (EU-SILC), исто така, служи за пресметка на веродостојни квантитативни индикатори на социјалната исклученост и материјалната обесправеност.

 
 




Клучни показатели
 
  Вкупни расположливи средства, просек по домаќинство  ( 2023) : 555 374 денари

  Вкупни употребени средства, просек по домаќинство  ( 2023) : 321 375 денари

  Лаекенски индикатор за стапка на сиромаштија  ( 2020) : 21.8% %

  Нерамномерна распределба на приходите, Gini коефициент  ( 2020) : 31.4

Временска серија





Поими и објаснувања

Расположливите средства на домаќинството ги опфаќаат паричните средства со кои располага домаќинството, вредноста на производите од сопствено производство употребени за лична потрошувачка (натурална потрошувачка) и вредноста на потрошувачките кредити и заеми подигнати и реализирани во тековната година.

Употребените средства на домаќинството ги претставуваат паричните издатоци за набавка на производи и услуги за лична потрошувачка, вредноста на натуралната потрошувачка и отплатениот дел од потрошувачките кредити и инвестициски заеми.

Линијата на сиромаштија е дефинирана како ниво на животен стандард што треба да се достигне за едно лице/домаќинство да не биде класификувано како сиромашно.

Лаекен индикаторите за сиромаштија се меѓународно споредливи податоци, базирани на Анкетата за приходи и услови за живеење која е спроведена по препораките на Европската унија. Извор на пресметките на сиромаштијата се приходите а прагот на сиромаштија е дефинаран на 60% од медијалниот еквивалентен приход.

Домаќинство е секоја семејна или друга заедница на лица што ќе изјават дека живеат заедно и заеднички ги трошат своите приходи за намирување на основните животни потреби (домување, исхрана и др.), без оглед на тоа дали сите членови постојано се наоѓаат во местото каде што е населено домаќинството или некој од нив определено време претстојуваат во друго населено место, односно странска држава заради работа, школување или од други причини, при што престојот во странската држава не е подолг од 1 година.


 


© Државен завод за статистика