Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2017

 


Во Статистичкиот преглед бр. 4.4.18.01, „Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2017 година”, се презентирани систематизирани податоци добиени од статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата”, спроведено во 2017 година, кои, според наша оценка, може да послужат за анализа на животниот стандард на домаќинствата во Република Македонија. Прегледот претставува продолжение на истата публикација објавена за 2016 година.

Во публикацијата се објавуваат податоци за: просечните расположливи средства според изворите, висината на употребените средства според намената на потрошувачката, висината на употребените парични средства, количествата на прехранбени и други артикли наменети за лична употреба, како и податоци за снабденоста на домаќинствата со некои поважни трајни добра.

Податоците се систематизирани за сите домаќинства вкупно и според социоекономските категории на домаќинствата: земјоделски, мешовити и неземјоделски..

Распоредувањето на домаќинствата во социоекономски категории овозможува согледување на постојните разлики во нивото и структурата на личната потрошувачка на домаќинствата, како важна материјална компонента на животниот стандард на населението.

Податоците од оваа анкета се користат за изработка на пондерите за пресметка на индексот на трошоците на животот.

Во функција на полесно и правилно користење на податоците содржани во публикацијата, дадени се методолошки упатства и забелешки.

Државниот завод за статистика се надева дека публикацијата ќе ја исполни својата цел - на јавноста и на корисниците да им ги даде основните податоци за приходите и расходите на домаќинствата во дадениот период, а евентуалните забелешки и предлози за подобрување на изданието ќе ги прими со благодарност.

Ова е последно издание на публикацијата „Потрошувачка на домаќинствата во Република Македонија, 2017“. Најновите податоци се на располагање во МакСтат базата на податоци.

 



           
Датум на издавање: 17.05.2018
PDF:   Преземи ја публикацијата  831KB
Excel:    Преземи табели
   
Број на страници: 116
ISBN: 978-608-227-296-2
ISSN: 1409-9004
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма:


 

 

 



© Државен завод за статистика