Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Животна средина

Индикаторите за животната средина се корисна алатка во процесот на известување за животната средина. Засновани врз нумерички податоци, прикажувајќи ја состојбата, посебната карактеристика или движењето на определена појава, тие можат да предупредат за настанатите проблеми. Во суштина, индикаторите се податоци што се собираат и се презентираат на начин дефиниран однапред, со цел да се воспостави врска меѓу постојните податоци и целите на политиката за заштита на животната средина.

Отпадот претставува огромна загуба на ресурси во форма на материјали и енергија. Количеството нa создаден отпад може да се смета како индикатор на нашата ефикасност како општество, особено во однос на употребата на природните ресурси и операциите за третман на отпадот.

Споредено со 2014 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2015 година бележи зголемување од 8,9%.

Во 2014 г. најголемо количество отпад е создадено во секторот Преработувачка индустрија - 1 638 238 или 89% од вкупното количество создаден отпад.

Количеството на создаден отпад во секторот рударство и вадење на камен изнесува 75 198 тони.

Најголемо количество на опасен отпад (1 363) тони е создадено во секторот рударство и вадење на камен.

Водата е еден од најважните природни ресурси, a од производствен аспект служи како значајна суровинска материја во производството на голем број производи, во процесите на ладење и чистење на индустриските технологии, како и за енергетски цели. Во РМ од вкупните водни ресурси најмногу се користат површинските води.

Во 2014 година од вкупната вода потрошена за индустриски цели 90 % им припаѓаат на површинските води.


 
 




Клучни показатели
 
  Создаден отпад од индустријата  ( 2022) : 998 592 тони

  Опасен отпад од индустријата  ( 2022) : 408 099 тони

  Ивестиции за заштита на животната средина  ( 2022) : 5 077 482 илјади денари

  Трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина  ( 2022) : 2 763 151 илјади денари

  Даноци за животна средина  ( 2021) : 14 273.4 милиони денари

  Директни материјални суровини  ( 2022) : 20 347 илјади тони

  Домашна потрошувачка на материјали  ( 2022) : 16 809 илјади тони

  Создаден комунален отпад по жител  ( 2023) : 503 кг по жител

  Создаден комунален отпад по жител  ( 2023/2022) : +7,7 %

Временска серија





Поими и објаснувања

Отпад

Отпад
е секоја материја или предмет што создавачот или поседувачот ја/го отфрла, има намера да ја/го отфрли или од него се бара да ја/го отфрли.

Опасен отпад е отпадот што содржи супстанции што имаат едно или повеќе опасни својства, како што се: експлозивност, реактивност (оксиданси), запалливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност, мутагеност, токсичност за репродукција, екотоксичност и својства на испуштање отровни гасови при контакт со вода, воздух или киселина, утврдени во согласност со Законот за управувањето со отпадот или со друг пропис, вклучувајќи го и секој отпад што е измешан со опасен отпад. .

Неопасен отпад е отпадот што не ги поседува карактеристиките на опасен отпад. .

Комунален отпад е отпад што се собира или со него се постапува од или за општините. Го опфаќа отпадот од домаќинствата, вклучувајќи го масивниот отпад, сличен отпад од комерцијални и трговски дејности, службени згради, институции и мали бизниси, отпад од дворовите и градините, уличен смет, содржината на отпадните контејнери и отпадот од чистењето на пазарите. Дефиницијата го исклучува отпадот од општинските канализациски мрежи, како и отпадот од градежништвото и при уривање. .

Комерцијален отпад е секој друг отпад создаден од правни и од физички лица при вршење комерцијални, индустриски, занаетчиски, услужни, административни и слични дејности, кој според својата природа или според својот состав е сличен на отпадот од домаќинствата. .

Отпад од индустрија е отпадот што е создаден од деловните субјекти во преработувачката индустрија. .

Постапување со отпадот е собирање, селектирање, транспортирање, третман, преработка, складирање и отстранување на отпадот, вклучувајќи го и надзорот над овие операции, како и мерките за заштита на животната средина, животот и здравјето на луѓето за време на работата на објектите и на инсталациите за отстранување на отпадот и грижата за него по престанокот на нивната работа. .

Преработка на отпадот се операциите (со ознака Р) што имаат за цел да се искористат употребливите материи и состојки на отпадот, а притоа ги опфаќаат постапките за повторно користење на отпадот, за рециклирање и за користење на отпадот како извор на енергија, исклучувајќи го горењето на отпадот заради негово дефинитивно отстранување. .

Отстранување на отпадот се операциите (со ознака Д) што обезбедуваат конечно решение за отпадот што не може повторно да биде употребен или преработен, а притоа не се загрозуваат животната средина, животот и здравјето на луѓето. .

Оставање на депонија претставува оставање на отпадот во или на земја; вклучува специјално опремени депонии и постојани места за привремено складирање повеќе од една година. .

Депонија е објект наменет за отстранување на отпадот, со негово истурање над или под земја.

Вода

Снабдување со вода подразбира снабдување на вода што ја обезбедиле претпријатијата во текот на извештајната година за разни свои цели. Количествата на овие води се утврдуваат врз база на извршените мерења со водомер на извориштата на водите и производните погони.

Користена вода е водата што ја употребиле претпријатијата за свои потреби за првпат, односно искористената вода без рециркулација и без повторно користење на веќе употребените води.

Вода во рециркулација е вкупното годишно количество на вода што се остварува внатре во кружниот (циркулацискиот ) систем.

Отпадни води се сите количества на вода што по употребата се третираат како отпадни води во извештајната година.


 


© Државен завод за статистика