Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Индустрија

Во развојот на севкупната македонска економија, индустријата има едно од најважните места. Брзиот развој на индустријата е еден од основните двигатели на целиот економски развој, на промената на општествено-економските односи, начинот на живеењето на населението, на зголеменото интересирање за технички прогрес и др.

Ваквиот развој на индустријата и нејзиното големо влијание ја наметнаа потребата од покомплексно следење и проучување. Од 1952 година, во Државниот завод за статистика редовно се пресметува индексот на индустриското производство, со што се обезбедува оптимален број податоци, врз чија основа се доаѓа до одговор на прашањата во врска со индустрискиот и со економскиот развој. Индексот на физичкиот обем на индустриското производство го изразува движењето на вкупното индустриско производство и претставува еден од основните статистички показатели за општественото планирање и за економскиот развој, врз чија основа се одредува најприфатливиот начин за водење на економската политика .

Со индустријата се опфатени следните три подрачја: Б - Рударство и вадење на камен, В - Преработувачка индустрија и Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, односно дејностите од одделот 05 до одделот 35 од Националната класификација на дејностите (НКД Рев 2).
  • Според податоците за додадената вредност од 2010 година , во вкупното индустриско производство најголемо учество имаат одделите 35 - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (14.64%), 10 - Произодство на прехранбени производи (11.67%), 14 - Производство на облека (10.19%), 24 - Производство на метали (9.34%), 11 - Производство на пијалаци (6.18%), 23 Производство на други неметални минерали (5.90%) и 12 - Производство на тутунски производи и ферментација на тутун (4.48%).

  • Од вкупниот број активни деловни субјекти (74 424) во 2012 година , во секторот Б - Рударство и вадење на камен се регистрирани 182 деловни субјекти (0.2%), во секторот В - Преработувачка индустрија 8 251 деловни субјекти (11.1%) и во секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација - 134 деловни субјекти (0.2%).

  • Индустриските сектори имаат значително учество во структурата на бруто-домашниот производ (БДП). Спред претходните податоци за БДП во 2011 година индустриските сектори учествуваат со 18.0% во вкупната структура на БДП и тоа: секторот Б - Рударство и вадење на камен учествува со 1.5%, секторот В - Преработувачка индустрија со 13.5% и секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 3.0%.

 
 




Клучни показатели
 
  Индекс на промет во индустрија, вкупно  ( 07.2024/07.2023) : 86.5

  Индекс на промет во индустрија на домашниот пазар  ( 07.2024/07.2023) : 99.1

  Индекс на промет во индустрија на странски пазари  ( 07.2024/07.2023) : 82.0

  Индекс на индустриското производство  ( 01-08.2024/01-08.2023) : 96.4

  Индекс на индустриското производство  ( 08.2024/08.2023) : 98.4

  Индекс на бројот на работниците во индустријата  ( 08.2024/08.2023) : 99.5

Временска серија





Поими и објаснувања

Индекс на индустриското производство е индекс на готовите индустриски производи дефинирани со Националната номенклатура на индустриски производи, 2008 (ННИП 2008).

Готов производ е секој производ што во процесот на производството достигнал соодветен степен на изработка, а во Номенклатурата на индустриски производи е наведен под посебен назив, со шифра и единица мерка.


 


© Државен завод за статистика