Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Индустрија





Индекси на бројот на работниците во индустријата, декември 2024 година

понеделник, 03 февруари 2025


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во
декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 95.3.

Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2024 година, во
однос на декември 2023 година, бележи опаѓање од 1.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање
од 5.0 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 2.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2024 година, во однос на
декември 2023 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3.3 %, кај Капитални производи за 3.0 %, Интермедијарни
производи, освен енергија за 6.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9 %. Додека пораст бележи
кај Трајни производи за широка потрошувачка од 25.7 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на
периодот јануари – декември 2023 година, изнесува 99.7.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика