Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


          
 



Надворешна трговија

Статистиката на стоковна размена се базира врз принципот на специјална трговија (проширена дефиниција), според кој во извозот се опфаќа сета стока извезена во странство и во странските царински складишта и комерцијалните слободни зони што е од домашно потекло, просториите за внатрешно облагородување и индустриските слободни зони. Во увозот се опфаќаат сите стоки, без разлика дали се увезени директно од странство, од царински транзит или од царински складишта и комерцијални слободни зони, а се наменети за производство, инвестиции или широка потрошувачка.
 
 




Клучни показатели
 
  Извоз на стоки  ( 01-10 2024) : 7 138 131 илјади САД долари

  Увоз на стоки  ( 01-10 2024) : 9 990 045 илјади САД долари

  Покриеност на увозот со извоз  ( 01-10 2024) : 71.5 %

Временска серија





Поими и објаснувања

Вредноста на стоката е искажана врз основа на цените што ги постигнале претпријатијата при склучување на договорите. Сите вредности за увезената и за извезената стока се пресметани врз база на паритетот франко-македонска граница.

Кај увоз вредноста е изразена на паритет CIF, т.е. трошоците за транспорт и осигурување од местото на извоз во земјата-извозник до македонската граница се вклучени во вредноста.

За извоз вредноста е изразена на паритет FOB, т.е. трошоците за транспорт и осигурување од местото на извоз во Македонија до македонска граница се вклучени во вредноста.

Вредноста на стоката увезена или извезена по обработката наречена бруто- вредност, ја вклучува вредноста на пресметаната извозно-увозна стока, вредноста на вградениот материјал, вредноста на услугите.

Вредноста во национална валута се рекалкулира во долари и во евра според дневен курс (среден просечен курс на Народната банка на Македонија) на денот на прифаќањето на царинската декларација.

Месечните податоци за тековната година се дополнуваат и коригираат тековно секој месец. Податоците што дополнително ќе се опфатат и сите корекции во податоците, се вклучуваат во месецот на набљудување според датумот на приемот на ЕЦД.
Поради тоа месечните податоци во текот на годината се разликуваат и се третираат како претходни, се до публикувањето на дефинитивните податоци.


 


© Државен завод за статистика