Анкета за користење на времето,
2014/2015
Публикацијата „Користење на времето“ е трета публикација на Државниот завод за статистика која ги презентира податоците од оваа област во Република Македонија.
Во публикацијата се содржани статистички податоци од Анкетата за користење на времето, спроведена во период од 12 месеци, од мај 2014 до април 2015 година, во целост хармонизирана со препораките на Евростат.
Основната цел е со ваквата содржина на публикацијата на корисниците да им се понудат најбараните информации за просечното дневно користење на времето на населението во Република Македонија.
Публикацијата е подготвена на македонски и на англиски јазик и сите податоци се однесуваат на 2014/2015 година.
За да бидеме сигурни дека следното издание ќе содржи податоци кои им се потребни на корисниците, очекуваме потребните информации да ги добиеме токму од оние на кои им е наменето ова издание, нашите почитувани корисници.
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика