Skip Navigation LinksНасловна Активности

Активности 


Потпишан Договор за размена на податоци
петок, 15 ноември 2024

 

Како резултат на долгогодишната успешна соработка, денес, директорите на Државниот завод за  статистика, д-р Дејан Станков, и на Управата за јавни приходи, м-р Елена Петрова, потпишаа Договор за размена на податоци меѓу двете институции.

Потпишувањето на овој Договор е во насока на постигнување висок квалитет и конзистентност на официјалните статистички податоци и намалување на оптовареноста на давателите на податоци, што е во согласност со приоритетите на двете иституции, но и во согласност со одредбите на Законот за државната статистика.

Со Договорот се прецизираат видот на податоците што ќе се разменуваат, начинот и периодиката на размена и одговорностите на двете институции во однос на заштитата на податоците.

Размената на податоци со Управата за јавни приходи претставува уште еден доказ за посветеноста на Државниот завод за статистика кон заложбите за максимално користење на административните податоци во државата за статистички цели.

 

            




© Државен завод за статистика